Протоколи или протест: Угостителите бараат дозвола да организираат веселби

од Берта Китинска
298 прегледи

Угостителите велат дека се единствени економски оператори кои имаат 11 месеци забрана за работа, а користеле парцијална државна помош во поддршката за плати и придонеси, која траела само 6 месеци.

Тие велат дека ако не се донесат протоколи за организирање на прослави,  им се заканува колапс.

Бараме итно укинување на членот 14 од Уредбата излезена во Службен весник на 23.06.2020 со која „се забранува организирање на секаков вид настани (свадби, крштевки, родендени), во отворен и затворен дел од објектот“, велат денеска од Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ).

„Како угостителски објекти, апелираме до Владата, да не ги држиме во неизвесност илјадниците младоженци и оваа сезона како и претходната. Да спречиме да ни се повтори минатогодишниот пропуст, каде што младоженците беа принудени своите свадбени церемонии да ги прават во сопствените дворови и изнајмени викендици, без притоа да имаат можност да се примени соодветен протокол со дистанца и без потребните хигиенско- санитарни услови. Ние како ресторани кои се категоризирани објекти за организирани настани, располагаме со големи капацитети, имаме соодветна квадратура и можност да спроведеме организиран настан, со што би се запазиле сите веќе усвоени протоколи и според кои веќе функционираат останатите A la carte ресторани со ограничено работно време“, велат од ТУК.

Тие апелираа државата да донесе соодветни протоколи за да почнат со работа. Ако тоа не се случи, како што најавија, идната недела ќе излезат на масовен протест.

Слични содржини