Нови прокотоли: МВР ќе ги проверува дојавите за бомби, а наставата ќе продолжи

од Nikola Popovski

Се менуваат протоколите на МВР за заканите за бомби во училиштата. Како што денес истакна премиерот Димитар Ковачевски, полициските и антитерористичките тимови ќе прават проверки за да бидат сигурни дека дојавите се лажни, но наставата ќе продолжи.

– И јас како родител се соочувам со истите проблеми во однос на школувањето на децата, не е нешто за кое не знам дека случува, но морате да верувате дека МОН и МВР работата на решавање на овој проблем, рече Ковачевски при посетата на објектот на детската градинка „Пролет” во општина Центар.

Тој е дециден дека државата не ја загубила сајбер-војната и нема да ја загубиме.

-Ова се случува во голем број на држави членки на НАТО. Со Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование и наука денеска ќе одржиме состанок на којшто ќе разговараме за донесување дополнителни мерки и целосно неутрализирање на проблемот со дојавите за бомби, потенцира Ковачевски.

Слични содржини