Протоколите налагаат: Почесто проветрување на просторијата и задолжително носење заштитни маски на обуки, курсеви и семинари

од Берта Китинска
209 прегледи

Владата пред извесно време ги објави  протоколи кои произлегуваат од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Во овие мерки застапени се и правилата за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари.

Еве што треба да се почитува:

Времетраењето се ограничува на најмногу 6 часа, со задолжителна пауза на секои 2 часа

Пред почеток на средбата, учесниците задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) им се препорачува да не присуствуваат

Се ограничува бројот на учесници согласно просторот со цел да се обезбеди задолжително физичко растојание на учесниците од 1,5-2м, но не повеќе од 30 лица

Организаторите, предавачите и учесниците задолжително да носат заштитни маски

Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете

Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол)

Просторијата почесто да се проветрува, по можност за време на часовите и задолжително во текот на паузите
За време на паузите се забранува групирање на присутните

По завршување на настанот, просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини

Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак

Слични содржини