Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер во неговата посета ја реафирмираше поддршката на Сојузна Република Германија на нашиот евроинтегративен процес. Штајнмајер потсети дека одлучноста за спроведување на реформите е клучна за да се зачува демократијата и европските вредности и порача дека нашата држава не смее да скршне од патот кон ЕУ. Но од друга страна, Христијан Мицкоски молчи и не коментира ништо за јасните пораки на нашиот стратешки партнер, порачаа утрово од СДСМ.
Владечката партија прашува: „Дали Мицкоски утрово провери кој е ставот на Апасиев за силната поддршка од Германија, за да може денеска да излезе со став во јавноста?“
-Како и често пати досега, очигледно Мицкоски прво ќе провери кој е ставот на Апасиев чиј заложник е, за потоа да даде наредба во Белиот дворец како партијата ќе комуницира. Мицкоски е слаб, без став, неодлучен и затоа стана заложник на Левица и Апасиев, затоа идеолошки ја обезличува неговата ВМРО-ДПМНЕ, соопштија од „Бихаќка“.