Проверките завршија, дојавите за бомби се лажни

од Nikola Popovski
121 прегледи

Министерството за внатрешни работи (МВР) ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 30 училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, истакнаа од МВР.

Вчера пријави за наводно поставена експлозивна направа имаше во 120 училишта во Скопје, а по проверките беше утврдено дека исто така станува збор за лажни дојави.

Закани за бомби пристигнуваат од 26-ти октомври 2022 година, кога во земјава пристигна шефицата на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Министерството за образование и наука (МОН) предложи во оние училишта каде има дојави за бомби наставата да се спроведува онлајн.

Слични содржини