Најновите информации од Тирана се дека е каменуван автобус од аеродромот за транспорт на српските играчи пред утрешиот натпревар Србија -Албанија додека се возеле до хотелот.

Едноставно изгледа не се може без инциденти, но за среќа никој не е повреден, иако се искршени неколку прозорци во автобус, во кој се возеле фудбалерите.
“Орлите” од пистата на аеродромот во главниот град, се упатиле кон хотелот. Автобусите биле поставени во близина на авион на пат кон хотелот каде што се сместени бил запрен и сообраќајот, а улиците биле празни, многу полициско обезбедување, но сепак хулиганите успеале да направи хаос и напад врз автобус со српските фудбалери.
Освен скршени прозорци нема повредени.