Провокации во Софија: Фудбалерите на Македонија ЃП пречекани со извиците „Бугари, Бугари“

од Nikola Popovski
245 прегледи

Провокации на реваншот од второто квалификациско коло од Конференциската лига. Приврзаниците на ЦСКА Софија со извиците „Бугари, Бугари“ ги пречекале фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров пред почетокот на натпреварот, објави бугарски „Д Спорт“.

Според медиумот, фудбалерите на Македонија ЃП не одговориле на провокацијата од навивачите на ЦСКА кои го наполниле секторот „А“ на стадионот „Бугарска армија“.

Во моментов се игра 61-та минута од натпреварот, а ЦСКА води со 2-0.

Првиот натпревар меѓу двата тима заврши 0-0 на теренот на ФФМ во Ново Лисиче.

Слични содржини