Шпанката Лорена Дуран ќе биде првиот ангел на Victoria’s Secret со облини.

Американскиот бренд за долна облека направи огромен пресврт во начинот на кој работи и ги презентира своите модели со тоа што за прв пат ангажира модел со облини за својата фамозна ревија.

„Среќна сум и горда поради овој ангажман. Време е за разноликост. Благодарна сум на тимот на Victoria’s Secret што ми ги оствари соништата“, напиша Дуран на нејзиниот профил Instagram.

25-годишната убавица ја почна кариерата како модел на 17 години и досега има работено за брендови како Asos, Zaland, El Corte Ingles, Intimissimi и за колекцијата на Софија Вергара.
Дуран ќе биде првиот ангел на Victoria’s Secret што не носи големина S.