Темен костум и бела кошула, без црвени детали. Ферари објави официјална фотографија од Луис Хамилтон, кој во понеделникот го имаше својот прв ден на новото работно место.
Седумкратниот шампион пристигна во базата на Ферари во Маранело околу десет часот и веднаш беше спроведен во зградата, среде силно обезбедување. Папараците успеаја да направат неколку снимки, бидејќи италијанскиот тим реши да ги избегне медиумите.
За среќа на фановите, не требаше долго Ферари да објави официјална фотографија покрај Ферари Ф40, заедно со првата изјава на најуспешниот возач во историјата на Формула 1.
„Има неколку денови кои знаеш дека ќе ги паметиш засекогаш и денес, мојот прв како возач на Ферари, е еден од тие денови. Имав доволно среќа да постигнам работи во кариерата за кои не мислев дека се можни, но дел од мене отсекогаш го имал тој сон да се трка во црвено. Не би можел да бидам посреќен што го остварувам тој сон денес. Денес започнуваме нова ера во историјата на овој легендарен тим и едвај чекам да видам каква приказна ќе пишуваме заедно“, истакна Луис Хамилтон.
Појавата на Хамилтон во Маранело го означува почетокот на она што ќе биде интензивен период за седумкратниот светски шампион додека се прилагодува на животот во својот нов дом. Вниманието најверојатно ќе биде насочено оваа недела на неговото деби возење зад воланот на болидот на Ферари од 2022 година. Тестирањето ќе започне во среда, бидејќи се очекува Хамилтон да помине неколку дена на средби со членовите на тимот и да се подготвува во симулаторот.
Фото: Ферари