Повеќе од 45 милиони се регистрирани во избирачките списоци.

Французите гласаат денеска во првиот круг од претседателските избори. Повеќе од 45 милиони се регистрирани во избирачките списоци. Тие треба да ги утврдат имињата на двајца од кандидатите за највисоката функција, кои на 7 мај ќе ги измери силите во вториот круг. Победникот од него ќе стане шеф на државата. Фаворити во денешната претседателска трка се основачот на движењето “Напред” Емануел Макрон и лидерот на “Национален фронт” Марин Ле Пен.
Според последните анкети пред денот за размислување токму овие политичари имаат најголема шанса за да се стигне до вториот круг. По нив со мала разлика се кандидатот на централнодесничарската партија “Републиканците” Франсоа Фијон и крајно левиот Жан-Лук Меланшон, ги претставува “непослушните на Франција”. Тие двајцата, исто очекуваат да продолжат битката за Елисејската палата во вториот круг. Во денешниот прв круг учествуваат вкупно 11 кандидати.