Прв пораз за Фенербахче во Евролигата

од Vladimir Zorba
61 прегледи

 

koshКошаркарите на Фенербахче го претрпеа првиот пораз сезонава во Евролигата. На домашен терен синоќа загубија од Уникс Казан со 81:73.

Најефикасен на дуелот беше Кејт Лангфорд од Уникс со 28 поени.

И на вториот дуел одигран синоќа победи гостинската екипа. Барселона славеше на теренот на Макаби Тел Авив со 79:69.

 

 

Вечерва се играат три дуели од 5.коло:

Олимпијакос – ЦСКА Москва,
Бамберг – Армани Милано и
Реал Мадрид – Галатасарај.

Оваа рунда ќе биде комплетирана утре со натпреварите:

Жалгирис – Дарушафака,
Анадолу Ефес – Панатинаикос и
Црвена Звезда – Виторија.

Табела: ЦСКА Москва 4-0 (победи-порази), Фенербахче 4-1, Реал Мадрид 3-1, Олимпијакос 3-1, Панатинаикос 3-1, Барселона 3-2, Дарушафака 2-2, Црвена Звезда 2-2, Виторија 2-2, Армани Милано 2-2, Макаби 2-3, Бамберг 1-3, Анадолу Ефес 1-3, Жалгирис 1-3, Уникс Казан 1-4, Галатасарај 0-4./МИА