Првиот случај на заразено лице со новиот вид на коронавирус што се појави во Велика Британија е откриен вчера во Франција, во Турс во центарот на земјата, соопшти Министерството за здравство.
Инфицираното лице, Французин кој живее во Велика Британија, е асимптоматско и е изолирано во неговата куќа, се наведува во соопштението.
Тој пристигнал од Лондон на 19 декември, бил преземен од Универзитетскиот болнички центар на 21 декември и бил позитивен на тестот, соопшти Министерството, додавајќи дека ова е прв случај на инфекција со варијантата VOC 202012/01 на вирусот Ковид-19 регистрирана во Франција.
Националниот центар за вируси на респираторна инфекција потврди дека лицето било заразено со новиот вид на вирусот.
Здравствените власти започнаа да ги следат контактите на здравствените работници кои се грижеа за пациентот, како и неговите лични контакти, за да ги стават во строга изолација, се додава во соопштението.
Сличен случај со новиот вид на вирусот е пријавен во Германија од жена која пристигнала со авион од Лондон и од Либан, исто така кај патник од Лондон.