Во нредните денови во Куманово треба да се потврди дали кај пациент кој го прележал коронавирусот повторно му се вратила болеста, во светот има такви случаи, има податоци дека станува збор за некаква мутација на вирусот изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Има потврда на рецидив на болеста, а се очекува за пациентот во Куманово овие денови да се потврди дали е таков случај – рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашње при посетата на болницата во Козле.
Тој додаде дека бројката на заразени во Скопје континуирано паѓа, и дека се јавува висока бројка на новозаболени во околините на Тетово и Гостивар, како и во Ресен и во Битола.