Прв тип на банкомат за пица ќе проработи во САД

од desk3

Љубителите на пица наскоро ќе можат да го добиваат омилено јадење од банкомат, кој ќе биде инсталиран во универзитет во Охајо, пренесоа американските медиуми.

Уредот ќе се наоѓа во Универзитетот “Зејвир” во Синсинати и ќе биде прв од ваков вид во Северна Америка.

download (9)
Од француската компанија “Пали” – партнер на институцијата, соопштуваат дека банкоматите ќе вклопуваат 70 пици истовремено.

Клиентите ќе го користат екранот на допир на уредот за да нарачаат пица по избор за сума од 10 долари. Откако корисникот ќе направи нарачка, јадењето ќе биде топло за неколку минути и ставено во картонска кутија и ќе излегува во посебен отвор.
Од компанијата додаваат дека слични уреди се достапни во Европа веќе 14 години. Банкоматите за пица обично се инсталираат во мали градови, најчесто на бензински пумпи или во пицерии.

Слични содржини