Елтон Џон во оваа година е навистина многу зафатен – тој закажа 300 концерти за 2018 година, а покрај тоа го чека и биографскиот филм за неговиот живот, каде се појавува како копродуцент.

Актерот Тарон Егертон, познат по филмовите од серијалот „Kingsman“, се појавува во улогата на легендарниот англиски пејач Елтон Џон во биографскиот „Rocketman“. Покрај него во филмот се појавуваат уште актерите Џејми Бел, Ричард Маден и Брајс Далас Хауард.
Како режисер се потпишува Декстер Флечер, а премиерата на филмот е закажана за 31 мај 2019 година.