„Прв ваков потег во светот“ – Велика Британија со нови мерки во борбата против нелегалните имигранти

Режимот на санкции го претстави Дејвид Лами, министерот за надворешни работи.

од desk2
26 прегледи

Велика Британија воведува нов казнен режим против бандите-шверцери на луѓе и на нивните помагачи, што, според владата, е прв таков потег во светот.

Сега властите ќе може да замрзнат имот, да изречат забрани за патување и да оневозможат пристап до финансискиот систем на земјата на сите поединци и групи вклучени во овозможувањето илегални миграции. Сите постапки ќе се вршат според посебен режим, без притоа да мора да се почитуваат одредбите кривичните и противтерористичките закони. Новите мерки за борба против нелегалните имиграции ќе бидат внесени во законот за границите, безбедноста, азилот и имиграцијата, кој допрва треба да се донесе.

Режимот на санкции го претстави Дејвид Лами, министерот за надворешни работи.

„Предолго криминалните банди неказнето ги полнеа своите корумпирани џебови и ги искористуваат надежите на ранливите луѓе, водејќи ги илегалните миграции во Обединетото Кралство. Затоа ОК го создаде првиот режим на санкции на светот насочен на бандите што шверцуваат луѓе и поттикнуваат нелегални миграции“, порача Лами.

Премиерот Кир Стармер неодамна склучи спогодби со Франција и Германија за помагање во сопирањето на малите бродови упатени кон британските острови.

Слични содржини