Прва фотографија од четвртото дете на Ким и Кание – Псалм

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Ким Кардашијан се пофали со четвртото дете. Реалити ѕвездата објави слика од нејзиниот новороден син.

Рамката поставена на нејзината страница на Инстаграм го покажува бебето во многу близок кадар додека спие. Малиот е крстен Псалм Вест.

Псалм е четвртиот наследник на Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг, раперот Кание Вест. Бебето е родено од сурогат мајка. Според нивните информации, детето се роди пред еден месец.

Другите деца на парот се Норт, Сент и Чикаго. Скоро беше најавено дека Ким е премногу дарежлива кога станува збор за нејзините деца. Ѕвездата троши еден милион долари годишно за нив.

https://www.instagram.com/p/ByiY5VtAOQ2/?utm_source=ig_embed