ПРВА ФОТОГРАФИЈА од Пригожин по бунтот на Вагнер: Седи на кревет во шатор

од Stefanija Kuzmanovska
676 прегледи

Шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин последен пат беше виден во јавноста на денот на бунтот во Ростов на Дон. Сега на социјалните мрежи се појави фотографија од него, но не се знае кога е направена.

По завршувањето на еднодневниот бунт, Александар Лукашенко објави дека е договорено Пригожин да замине во Белорусија.

Сепак, не се знае каде отишол Пригожин и каде е сега. Кремљ пред неколку дена потврди дека неколку дена по бунтот Путин и Пригожин се сретнале во Кремљ, а Пригожин со себе ги повел и припадниците на „Вагнер“.

Сега се појави фотографија која ја објавија руските медиуми. Го прикажува Пригожин како седи на кревет во шатор.

„Руските медиуми објавуваат наводно неодамнешна фотографија на Пригожин во полски шатор во Белорусија“, пишува Антон Герашченко, советник на украинското МВР.

Автентичноста на сликата не е потврдена/

Слични содржини