Прва изјава на Зеленски откако пристигна во САД (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски се огласи на својот канал на Телеграм по пристигнувањето во САД.

„Денеска сум во Вашингтон да му се заблагодарам на американскиот народ, на претседателот и на Конгресот за многу потребната поддршка, но и за да продолжиме да соработуваме и да се приближиме уште повеќе до победата“, напиша Зеленски и додаде.

„Ќе одржам серија разговори за зајакнување на отпорноста и одбранбените способности на Украина и за билатералната соработка меѓу Украина и САД. Следната година мора да го вратиме украинското знаме и слобода на целата наша земја, на целиот наш народ“, наведе Зеленски.

Ова е негово прво меѓународно патување од почетокот на војната во Украина.

Слични содржини