Колумбијската пејачка Шакира одлучи да ја промени адресата по раскинувањето со Жерар Пике и бројните скандали кои следеа потоа.
Таа со синовите Саша и Милан замина на Флорида каде ќе биде нивниот нов дом. Според странските медиуми, Пике не ја прифатил добро таа одлука со оглед на тоа што сметал дека е најдобро децата прво да ја завршат учебната година во Шпанија.
Во текот на целата оваа приказна, родителите на Пике станаа познати, а Шакира дури и зборуваше за неговата мајка во една од нејзините одмазднички песни. Сега Монсерат и Жоан Пике беа видени на тениски турнир во Барселона, па некои новинари одлучија да ги прашаат како гледаат на тоа што нивните внуци се преку океанот.
„Се е добро, се е одлично“, одговориле Монсерат и Жоан.
Да потсетиме, Пике деновиве треба да ги посети децата и да поминува време со нив, а заедно со нив се и родителите на Шакира откако имаа помали здравствени проблеми.