Прва награда за Томислав Османли на меѓународниот конкурс ,,Антево слово“ во Италија

од desk2
115 прегледи

Писателот Томислав Османли е добитник на првата награда на меѓународниот конкурс „Антево слово“ 2017/18 година кој се одржува во Италија.

Ова се сите наградени на „Антево слово“ 2017/ 18 година – Сицилија, Италија:

1ва награда
Томислав Османли
Песна: Љубов / Amore

2ра награда
Александра Димитрова
Песна: Литост

3та награда
Салваторе Амбросино
Песна: Сменети умови

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА НАГРАДА за учество:

• Михајло Свидерски
Песна: Сирија

• Долорес Атанасова Лори
Песна: Љубовта е брза и гладна кучка

„По објавениот повик за испраќање на песна по слободен избор за учество на конкурсот и доделување на наградата „Антево слово“, се пријавија повеќе од 100 поети со своите дела.

Жирито во кое членуваат претставници од семејството на доаенот на македонската поезија Анте Поповски, како и еминентни претставници од книжевната/ литературната област во Македонија одлучија да ги номинираат, а со тоа и застапат сите оние кои беа претходно објавени на страната на Меѓународната поетска манифестација „Ангело ла Векија“, каде за прв пат оваа година се востановува наградата „Антево слово“ и за прв пат се отвора можност да промовира македонското творештво.

Од исклучителна важност е големиот одзив кој го имавме како за прва година во која ја воведуваме оваа награда и се надеваме дека во иднина сѐ повеќе поети ќе имаат можност да ги промовираат своите стихови, како и да им се отвори можност да бидат прочитани од интернационална публика.

Поздрав до сите учесници на оваа манифестација која допрва ќе направи Каникати, а со тоа и Сицилија да станат новиот светилник на италијанската, а со тоа и Европската и светска поезија.

Честитки до наградените и сите кои учествуваа на конкурсот“, стои во соопштението од организаторот.