Прва понуда од Реал до Јунајтед за Погба

од Vlatko K
186 прегледи

Офанзивата на Реал Мадрид за потписот на Пог Погба започна. Според весникот „Дејли експрес“,
повикувајќи се на информации од Шпанија, „белите“ ставиле на маса прва понуда за францускиот
играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед.


Таа се проценува на 80 милиони евра плус Гарт Бејл, кој веќе не е посакуван на „Сантијаго
Бернабеу“. Мадриѓаните го ценат велшкиот репрезентативец на 70 милиони евра, но јасно е дека
нема клуб во светот кој би го купил по таа цена.

На овој начин, „белите“ се надеваат дека ќе ги убедат „црвените ѓаволи“ да ја продадат својата
ѕвезда, по цена од речиси 150 милиони евра, која тие ја поставија. Но, овој предлог е веројатно да
биде отфрлен бидејќи, на „Олд Трафорд“, иако го сакаат Бале, тие не мислат дека вреди толку

Можно е место Велшанецот, Реал Мадрид да стави во договорот друг нивни фудбалер – Иско
Аларкон. За него е поверојатно да биде проценет на таква сума, но очигледно е дека преговорите
треба да продолжат понатаму.