Прва работна средба на претседател на државата со претседателството на ССМ

од Aleksandar Todeski
309 прегледи

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендарвоски одржа работен состанок со претседателството на Сојузот на Синдикати на Македонија, како прв претседател кој го посетува ССМ во историјата на државата. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски истакна дека тие се залагаат за правата на работниците, а дека ниту еден претседател претходно немал работен состанок со нив. Пендаровски пак, им возврати дека во него секогаш ќе имаат сојузник.

„Ние се залагаме да нема договор на дело повеќе од една година, како и да има породилно отсуство од 12 месеци. Нашите барања ги повторуваме и тие се издржани“, рече Димовски.

Пендаровски пак, рече му честиташе на Димовски што во новиот Закон за работни односи има 20 предлози кои се предложени од ССМ, а сега се во Законот.

„Ова е срамота за сите пред мене, да не дојдете во најстариот синдикат на земјата, а да кажувате дека се залагате за правата на граѓаните. Се извинувам што не дојдов порано, она што е важно е дека не доаѓам во предизборен период, па да кажат дека ете, тоа е поради изборите“, истакна претседателот.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

 

Слични содржини