Прва редовна координација во Собранието на новиот спикер Митрески

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески денеска ја одржал првата редовна понеделничка координација, по изборот на функцијата.

Како што информираат од собраниската прес-служба, покрај претставниците на пратеничките групи во Собранието, на координацијата присуствуваа и потпретседателите Горан Мисовски и Хусни Исмаили, генералната секретарка Цветанка Иванова и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како претставник на Владата. На координацијата присуствувале и заменик-координаторот на ПГ на СДСМ Диме Велковски, координаторот на ПГ на Алијанса на Албанците Аднан Незири и пратеникот на Левица Борислав Крмов.

На средбата, како што се наведува во соопштението, биле разгледани пристигнатите материјали во Собранието во изминатиот период, по што е закажана и првата нова седница, која ќе почне на 7 февруари.

Како што посочуваат од собраниската прес-служба, на координацијата било заклучено дека Собранието ќе продолжи со редовна динамика и во полн капацитет и во наредниот период, до почетокот на кампањата за изборите. Додаваат дека за во деновите што претстојат ќе работат со полн интензитет и собраниските комисии.

Слични содржини