ПРВА СЛИКА НА ЕРИКСЕН ПО РЕАНИМАЦИЈАТА: Еве каква е состојбата на данскиот фудбалер откако се сруши среде натпревар!

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Европската фудбалска централа (УЕФА) објави дека денешниот натпревар помеѓу Данска и Финска на Европското првенство во Копенхаген е прекинат, откако данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен се сруши на тревата.

Ериксен падна на теренот во 40-тата минута од натпреварот на стадионот „Паркен“.

Ериксен беше реанимиран од лекари на теренот и опкружен со неговите соиграчи.

Лекарите го реанимираа околу 10 минути, кога беше изнесен од теренот опкружен со соиграчи на носила.

Судијата и финската репрезентација го напуштија теренот.

Навивачите останаа во шок и неверување на трибините и многумина плачеа.

Сепак, на социјалните мрежи протече слика на Ериксен, кој беше изнесен од теренот во свесна состојба, што значи дека е добро.

Според последните информации, Ериксен бил пренесен во најблиската болница со цел да се утврди неговата здравствена состојба.

Слични содржини