Бугарски државјанин загина во Париз, соопштија од семејството. Станува збор за Себастијан Проази. Тој е 37 години и загинал во експлозија во едно кафуле. Себастијан работел до пред две години во Европската комисија, јавува “Стандард”. Мајката на жртвата е Бугарка, а покојниот Проази има двојно државјанство.
Официјалното соопштение на бугарското Министерство за надворешни работи е дека при нападите во Франција нема загинати Бугари.
