Прва жртва од земјотресот на Крит: Почина лице заробено во урнатините

од Vladimir Zorba

Силниот земјотрес што го погоди Крит ја зеде првата жртва, црковен работник кој почина во Аркалохорија во црквата Профитис Илија.

Човекот бил во црквата кога куполата паднала врз него и го убила, пишува
„Dikaiologitika“.

Проценетата јачина на земјотресот е околу 6 степени според Рихтеровата скала. Јачината на земјотресот првично беше објавена на 6,5 степени.

На социјалните мрежи веќе кружат снимки кои го покажуваат моментот на земјотресот.

Земјотресот е регистриран во 8,17 часот по средноевропско време, или 9,17 часот по грчко време. Се случи на 20 километри југоисточно од градот Хераклион.

Силниот потрес е почувствуван и во Турција и во Грција.

Слични содржини