Американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор го известил британскиот крал Чарлс дека првата дама Џил Бајден ќе присуствува на неговото крунисување во мај, соопшти Белата куќа.
Бајден му честитал на Чарлс за крунисувањето, кое е закажано за 6 мај, и додал дека би сакал да се сретне со него во Велика Британија, во термин кој ќе биде договорен, пренесува „Ројтерс“.
Чарлс ќе биде крунисан на 6 мај на свечена церемонија во Вестминстерската опатија.