Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена, на Твитер сподели видео од Киев на кое се гледаат деца кои трчаат во засолништата по руски воздушен напад.
Експлозии вчера предизвикаа хаос во главниот град на Украина.
Київ. Ранок після безсонної ночі під обстрілами. Знову тривога…
Діти, що з криками біжать в укриття під звуки вибухів, – це наша реальність. Але так не має бути – ніде й ніколи. Страх неможливо вимкнути – але ми не завмираємо, а діємо. Україна продовжує боротись 🇺🇦 pic.twitter.com/ctyccNORmQ— Олена Зеленська (@ZelenskaUA) May 29, 2023
„Киев. Утрото по непроспиената ноќ под гранати. Повторно вознемиреност. Деца кои вриштат и трчаат во засолништа по звукот на експлозија се наша реалност. Но никаде и никогаш не смее да биде така. Не можете да живеете без страв, но ние не стоиме во место, веќе дејствуваме. Украина ја продолжува борбата“, порача сопругата на украинскиот претседател.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека украинската противвоздушна одбрана соборила руска ракета за време на ноќниот напад на Киев.
Нов напад следеше вчера и утрово, кога експлозии се слушнаа и во центарот на градот, а Кличко ги повика граѓаните да останат во засолништа додека не заврши тревогата.
Градската управа на Киев на Телеграм објави дека за време на денешното бомбардирање на главниот град, повеќе од 41.000 луѓе биле „под земја“, и дека повеќе од 9.000 граѓани се засолниле во станиците на метрото, меѓу кои 1.120 деца.