Првата фаворитка за злато во Токио суспендирана поради марихуана

од Stefanija Kuzmanovska

Американската атлетичарка Шакари Ричардсон беше суспендирана на еден месец поради употреба на марихуана.

Ричардсон призна дека била позитивна на марихуана за време на тестовите на 19 јуни за време на државните квалификации за Олимписките игри во Токио, во трката на 100 метри.

Атлетската федерација на САД ја суспендираше Ричардсон на еден месец, почнувајќи од 28 јуни.

Американската спринтерка многумина ја прогласија за најголема фаворитка за освојување на златен олимписки медал, откако минатиот месец истрча 100 метри за 10,86 секунди.

Позитивен тест значи дека сите резултати на Ричардсон во квалификациите ќе бидат избришани, вклучително и победата во трката на 100 метри.

Американските медиуми објавија дека атлетичарката Џена Прандини, која го освои четвртото место во финалето на квалификациите во САД, веќе е контактирана и дека ќе биде во олимпискиот тим за Токио.

Олимписките игри започнуваат на 23 јули.

Ричардсон објави кратка порака на социјалните мрежи.

„Јас сум човек“, сподели 21-годишната спринтерка.

Слични содржини