Првата половина од сезоната на пожари во Грција поминала позитивно и со значително помалку изгорено земјиште во споредба со просечната граница од изминатата деценија, според податоците од Европскиот систем за информации за шумски пожари, што ги пренесува службата Метео на грчката национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

За периодот од први мај заклучно со вчера, 5 август, вкупната изгорена површина во Грција 2 279 хектари, што е речиси една петтина од просечната граница за периодот 2008-2018 (10 541 хектар).
Според Националната опсерваторија во Атина, ова се должи на временските услови во Грција, односно пониски температури од вообичаените за конкретниот период, слабиот ветер и поголеми врнежи од дожд.