Првата земја во Европа што воведе „пасоши за зелена вакцина“: Без вакцината нема транспорт, нема ресторан…

од Stefanija Kuzmanovska
436 прегледи

Француската влада го достави до собранието законот со кој им се овозможува на оние кои се вакцинирани пристап до јавен превоз, ресторани, културни институции и други јавни места.

Премиерот Жан Кастекс во понеделникот го препрати законот за воспоставување долгорочен систем за управување со вонредни ситуации до собраниската процедура, а тој закон е познат и како „пасош за зелена вакцина“, поради одредбите што условуваат пристап до одредени активности и места засновани на вакцинација.

Според тој закон, премиерот има право да одобри движење на лица, нивен пристап до јавен превоз или одредени места врз основа на тест со кој се утврдува дека некое лице не е заразено или по превентивен третман кој вклучува вакцинација против коронавирус, пренесува агенцијата Анадолија.

Поради тој закон, ултрадесничарката Марин Ле Пен напиша дека нејзината партија никогаш нема да и дозволи на владата „насилно да воведе нешто што не успеа да го наметне со доверба“ и дека граѓаните кои не биле вакцинирани не смеат да се сметаат за граѓани од втор ред.

Пратеникот Фредерик Дима на Твитер исто така напиша дека нема да дозволи тоа да го сторат францускиот претседател Емануел Макрон и премиерот Жан Кастекс. Неколку истражувања покажаа дека Французите се многу скептични во однос на вакцинацијата и дека само 40 проценти од граѓаните се подготвени да се вакцинираат.

Слични содржини