Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, одговори на коментарите на неговиот поранешен шеф Тото Волф, кој рече дека според него, на Британецот му истекува рокот на траење. Во книгата објавена минатиот ноември, Австриецот ја коментираше разделбата меѓу Хамилтон и Мерцедес, која се случи на крајот на 2024 година.
„Неговата одлука да замине во Ферари ни помогна да го избегнеме моментот кога требаше да му кажеме на најголемиот возач во спортот дека сакаме да застане. Ние сме во спорт каде когнитивната острина е исклучително важна и верувам дека секој има рок на траење“, се вели во коментарот на Волф.
Подоцна додаде појаснување дека смета дека Хамилтон се уште е доволно „остар“, иако е на прагот на својата 19-та сезона во Формула 1 и веќе има 40 години.
Сепак, тоа не го спречи Британецот да му одговори на поранешниот шеф во интервју за магазинот TIME.
„Никогаш не ме споредувајте со ништо друго. Јас сум првиот и единствен црн човек кој се занимава со овој спорт, поинаку сум граден. Поминав низ многу, тргнав по својот пат и не можете да ме споредувате со ниту еден друг 40-годишен поранешен или сегашен возач на Формула 1. Затоа што тие не се како мене. Јас сум гладен, амбициозен и немам жена или деца. Фокусиран сум само на една работа, а тоа е победа. Тоа е мојот приоритет број 1“, изјави Хамилтон.