Први СНИМКИ од ХОРОРОТ во Рио: Луѓе врескаат, крв насекаде

од Stefanija Kuzmanovska

Денес во фавелата Жaкарезињо во Рио де Жанеиро се случи брутален судир меѓу полицијата и дилери на дрога, во кој, како што пренесуваат медиумите, биле убиени најмалку 25 лица.

На вознемирувачките видеа што се споделуваат на социјалните мрежи, може да се види дека локалното население било преплашено, откако убиствата и пукањата се случиле буквално пред нивните очи.

На видеа се гледа како жени врескаат и плачат, а околу нив има крв. Двајца мажи биле повредени, додека другите се обидувале да им помогнат.

Според Би-Би-Си, на некои жители луѓе им умирале во нивните домови, што предизвикало голема паника.

Слични содржини