ПРВИ СНИМКИ од масакрот во САД: „Останете во своите домови и заклучете ги вратите“

од Stefanija Kuzmanovska

Напаѓач вооружен со автоматска пушка уби 22 лица, а рани повеќе од 50 во Левистон, во американската сојузна држава Мејн, јави телевизијата Ен-Би-Си, повикувајќи се на полициски извори.

На прес-конференција, комесарот за јавна безбедност на Мејн, Мајк Сошак, рече дека полицијата сè уште нема податоци за точниот број на жртви.

Полицискиот оддел во Левистон го идентификуваше Роберт Р. Кард како осомничен за масакрот.

Државната полиција на Мејн и канцеларијата на окружниот шериф објавија на X дека имало пукање во Левистон и ги повикаа жителите да се засолнат, да останат во своите домови и да ги заклучат вратите, додавајќи дека истрагата е во тек на повеќе локации.

Според органите на прогонот, Кард е инструктор за огнено оружје.

Полицијата соопшти дека Кард бил „вооружен и опасен“ и објави фотографија од него, покрај која е наведено дека убиецот носел кафена облека и носел автоматска пушка со голема моќност.

Слични содржини