Првиот човек од Балканот што ќе ја прими руската вакцина: Сигурен сум дека е ефикасна и безбедна (видео)

од Nikola Popovski
240 прегледи

Првата вакцина против коронавирусот регистрирана од Русија е ефикасна и безбедна, изјавил д-р Сергеј Болјевиќ, специјалист за патофизиологија и пулмологија и раководител на Катедрата за човечка патологија при Универзитетот Сеченов.

Тој додал дека вакцината е тестирана врз животни и луѓе и дека нема причина луѓето да се сомневаат во неа. Болjeвиќ вели дека Институтот „Гамалеј“ имал основа за вакцина против вирусот, која само била надградена.

„Тие имаа основа врз која ја додадоа компонентата. Тие направија вакцина за две недели, а после тоа беа направени проверки. Во февруари веќе беа направени 70 проценти“, посочил Болјевиќ за „Вијести“.

Тој вели дека вакцината ќе ја примат прво здравствените работници, а потоа наставниците кои треба да започнат со работа на 1 септември.

„Вакцината е бесплатна и доброволно за Русија. Јас ќе се вакцинирам во октомври“, истакнал докторот.

Како што соопшти вчера претставникот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, повеќе од 20 земји покажале интерес за руската вакцина против Ковид-19.

Слични содржини