Првиот говор на Трамп пред Конгресот: Зборувал речиси два часа, откри што му испратил Зеленски

од Nikola Popovski
97 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржал говор пред Конгресот. За речиси два часа колку што зборувал, тој ги спомнал Украина, царината, мигрантите…

Порачал пред шест недели, кога положил заклетва, прогласил „почеток на златното доба за САД“.

„Од тој момент започна најголемата и најуспешната ера во историјата на нашата земја. За четириесет и три дена постигнавме повеќе отколку што прават повеќето луѓе за четири или осум години. И ние само што почнавме. Овде сум да известам дека Америка се врати. Духот и гордоста ни се вратија. Нашата доверба се врати. Американскиот сон станува поголем од кога било досега. „Нашата земја се враќа на начин каков што досега не е виден, а можеби и никогаш нема да биде“, рекол Трамп на почетокот на својот говор.

Тој самиот ја пофалил неговата миграциска политика. Трамп истакнал и дека веќе направил многу за да се реши ситуацијата на границата на САД, каде веќе подолг период е забележан рекорден прилив на мигранти од Централна Америка.

„Ја распоредив американската војска и граничната патрола за да одбијам инвазија од границата во земјата. Илегалните премини минатиот месец беа најниските досега забележани“, информирал Трамп, за време на чиј мандат започнаа депортациите на мигрантите во нивните земји на потекло, а некои во американската база во Гвантанамо.

„Тие ги слушнаа моите зборови и решија да не доаѓаат“, кажал американскиот претседател.

Трамп се пофали со Мексико за, како што посочи, екстрадицијата на водачите на нарко картелите во САД во последните денови.

„Сепак, Мексико и Канада треба да направат многу повеќе за да го запрат протокот на фентанил преку границата. Испратив на Конгресот детално барање за финансирање кое точно одредува како ќе ги елиминираме заканите, ќе ја заштитиме нашата татковина и ќе ја завршиме најголемата операција за депортација во американската историја“, посочил американскиот претседател.

Тој потоа почнал да презентира листа на она што тој утврдил дека претставува неконтролирано трошење што Маск и Дауд го откриле. Тогаш ги спомнал и парите за промовирање на различноста, правичност и инклузија (ДЕИ) на работните места што Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) и ги исплатила на Србија. Кога Белата куќа ја објави оваа информација на почетокот на февруари, било посочено дека се работи за злоупотреба и бескорисно трошење пари.

Трамп во своето обраќање пред Конгресот откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му испратил писмо во кое ја изразува својата подготвеност да преговара за мир и да го потпише договорот за минерали.

„Во писмото се наведува дека Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро за да се приближи до траен мир и дека никој не сака мир повеќе од Украинците. Зеленски, исто така, напиша дека тој и неговиот тим се подготвени да работат под силно водство на претседателот Трамп за да постигнат траен мир. Тој, исто така, пренесе дека ја цени американската помош за Украина за зачувување на нејзиниот суверенитет и независност“, рекол Трамп, пренесе „ВОА“.

Слични содржини