352
Меѓу членовите на грчкиот тим во уметничко пливање на Олимписките игри во Токио, регистриран е кластер на инфекција со коронавирус.
Организацискиот комитет ја потврди информација, објави јавниот радиодифузер НХК.
Тестовите покажаа дека инфекцијата со коронавирус е потврдена кај уште пет лица од грчкиот тим.
На заразените им е одредена мерка изолација.
Комитетот претходно соопшти дека бројот на заразени лица акредитирани за Олимписките игри во Токио, отворени на 23 јули, се зголеми на 322.