Првиот лек за астма во изминатиот половина век прогласен за „револуционерен“

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Нов лек за астма, прв од ваков вид во последните 50 години, беше поздравен како „револуционерен“ од лекарите и пациентите откако клиничкото испитување покажа дека лекот „Benralizumab“ е многу поефикасен од традиционалните таблети во лекувањето на тешка астма.

„Benralizumab“ е антитело што ги таргетира белите крвни зрнца кои можат да ги нападнат белите дробови кај луѓето со еозинофилна астма, форма на болеста што предизвикува оток и стеснување на дишните патишта.

Резултатите од клиничкото испитување покажаа дека пациентите со астма или хронични белодробни заболувања кои примиле инјекција од овој лек за време на напад имале помала веројатност да имаат отежнато дишење и други симптоми четири недели подоцна.

Имаше и значително подобрување во квалитетот на животот, според податоците објавени во списанието „The Lancet Respiratory Medicine“.

Стероидните апчиња со децении беа главниот третман за астма и хронични белодробни заболувања, но тие не беа секогаш ефикасни, принудувајќи ги пациентите да земаат повеќе лекови, со ризик повторно да бидат примени во болница.

Редовната употреба на стероиди го зголемува и ризикот од дијабетес и остеопороза, истакнуваат експертите.

„Ова е одлична вест за луѓето со белодробни заболувања. Но, поразително е тоа што ова е првиот нов третман во последните 50 години, што покажува колку е недоволно финансирано истражувањето за белодробните заболувања“, рече д-р Саманта Вокер.

Слични содржини