Првиот случај на инфекција со коронавирус откриен пред четири години на денешен ден

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

На денешен ден во 2019 година, во Вухан беше откриен првиот случај на инфекција со коронавирус.

Според медиумските извештаи за необјавени податоци од кинеската влада, првиот случај на некој заразен со коронавирус бил откриен на 17 ноември 2019 година.

Во извештајот, објавен во South China Morning Post, се наведува дека кинеските власти го идентификувале најраниот случај на коронавирус на 17 ноември 2019 година, неколку недели пред властите да го објават присуството на новиот вирус.

Кинеската влада беше силно критикувана за обидот да ја прикрие епидемијата во раните недели, вклучително и репресии врз лекарите кои се обидоа да ги предупредат колегите за новиот вирус сличен на Сарс кој се појавил во градот Вухан во провинцијата Хубеи.

Податоците до кои дошол Post велат дека 55-годишен маж од провинцијата Хубеи би можел да биде првиот човек кој се заразил со коронавирусот.

Околу еден месец по тој датум, секој ден се пријавувале еден до пет нови случаи, се вели во извештајот, а до 20 декември истата година биле потврдени 60 случаи, пишува „Гардијан“.

Слични содржини