Првиот случај на заразен со новиот вид коронавирус е откриен во Италија

од Vladimir Zorba
289 прегледи

Италијанските власти објавија дека го откриле првиот случај на заразен со новиот вид коронавирус, кој првично се појавил во Велика Британија. Италијанските власти претходно изјавија дека ќе ги прекинат воздушните врски со Велика Британија. Неколку европски земји одлучија да ги прекинат воздушните и другите врски со Велика Британија.

Министерството за здравство изјави дека пациентот неодамна се вратил од Велика Британија со авион и додаде дека сите што биле во контакт со него биле во изолација.

Пациентот е во воена болница во Рим.

Светската здравствена организација објави дека е регистриран нов вид коронавирус во Велика Британија, но и во некои други земји – девет случаи во Данска, и еден случај на инфекција во Холандија и Австралија.