Првиот смартфон со Snapdragon 855 доаѓа од Lenovo

од Vlatko K
76 прегледи

Lenovo успеа да ги престигне останатите производители откако го претстави првиот смартфон со
новиот чипсет Snapdragon 855.


Уредот се нарекува Lenovo Z5 Pro GT и практично е варијанта на Z5 Pro, но со различен чипсет и
повеќе RAM меморија – освен што е прв модел со Snapdragon 855, тоа е исто така првиот со 12GB
RAM меморија.

Смартфонот има стаклен заден панел со текстура како на јаглеродни влакна плус црвени акценти
што треба да предизвика асоцијација со брзи спортски автомобили.

Останатите карактеристики остануваат непроменети, што значи дека ќе најдеме 6.4-инчен Super
AMOLED дисплеј со вграден сензор за отпечатоци, слајд механизам, 16 MP + 8 MP селфи камера и
16 MP + 24 MP главна камера.

Смартфонот ќе се продава во Кина од 24 јануари во три варијанти – 6/128 GB, 8/256 GB и 12/512 GB
по цена од 2.698, 3.398 и 4.398 јуани (343, 432 и 560 евра).