Првите хибридно-електрични авиони ќе летаат од 2022 година

од desk2
67 прегледи

Комапнијата Zunum Aero, која во нејзиниот проект за хибридно-електрични авиони ја поддржуваат Boeing и JetBlue, постави рок на испорака за своите први авиони, до 2022 година.


Zunum Aero се фокусира на хибридно-електричните авиони со цел да се скратат фрустрирачко долгите летови и да ја смали цената на кратки линии.

Претставен е дизајнот на авион со 12 седишта, што е прва голема најава откако компанијата во април се појави со големи планови за револуција во авиопревозот. Помали и поштедливи авиони можат да го олеснат регионалниот сообраќај затоа што ќе може да се користат и помали аеродроми, а не само големи.

Авионот на Zunum би можел да има домет од 1.127 км со максимална брзина од 547 км/ч. Емисијата на штетни гасови и буката би се намалиле за 80 отсто во однос на конвенционалните авиони.

Батериите ќе бидат сместени во крилата, а од компанијата се надеваат дека еден ден ќе може да направат целосно електричен авион.

Тестните летови ќе почнат во 2019 година, а Zunum ќе отвори втор равзоен центар во Чикаго за да ги прошири своите операции.