„Првообвинет за убиство“: Иран бара Интерпол да распише ПОТЕРНИЦА ЗА ТРАМП

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Иран испрати барање до Интерпол да издаде меѓународна црвена потерница за 48 американски официјални лица, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, кои ги обвинува за вмешаност во атентатот врз генералот Касем Сулејмани.

Портпаролот на иранското Министерство за правда, Гулам Хусеин Исмаили изјави дека истрагата за убиството на командантот на елитната единица Кудс на Иранската револуционерна гарда се спроведува во соработка со шест земји, вклучително и Ирак, пренесува агенцијата Анадолија.

„Утврдено е дека 48 лица биле вмешани во убиството на Сулејмани, вклучувајќи го и претседателот на Соединетите држави како првообвинет, како и командантите и службениците на Пентагон и американските војници во регионот“, рече Исмаили.

Тој рече дека Иран побарал Интерпол да издаде меѓународна црвена потерница за осомничените.

Сулејмани беше убиен пред една година во напад на американски беспилотни летала во Багдад. Тогаш загинаа десет лица.

 

Слични содржини