Првосомничениот за убиството на Тот се бара со меѓународна потерница

од Nikola Popovski
280 прегледи

Министерството за внатрешни работи попладнево објави дека е распишана меѓународна потерница за првосомничениот Анџело Ѓорѓиевски за убиството на ракометарот Денис Тот.

-Анџело Ѓорѓиевски род.13.01.1994 год. во Скопје, каде и живее на ул.„9“ бр.5, с. Волково. Се бара по Наредба  КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од КЗ на РСМ, стои во објавата на полицијата.

Тот почина минатата недела од повреди со кои се здоби од неколку лица пред ноќниот клуб „Привилиџ“.

По тој повод се огласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој ги отфрли наводите дека некој сакал да ги прикрие настаните.

„Врз основа на видеото го реконструиравме целиот настан. Според изјавите на лицата кои беа таму, се работи за личниот однос помеѓу девојката и жртвата“, рече Спасовски.

Не е познато дали Анџело Ѓоргиевски ја напуштил Македонија. По налог на судија на претходна постапка, бил извршен претрес во неговиот дом и привремено се одземени предмети што ќе бидат доставени на вештачење.

Осомничени за убиството се и 22-годишниот А.К. и 19-годишната К.Л. Двајцата веќе се во притвор.

Слични содржини