Владата на Велика Британија го потврди првиот случај на инфекција со коронавирус кај куче.
-Се верува дека миленикот се заразил од сопственикот, кој претходно бил позитивен на коронавирус, пишува „Cronicle live“.
Кучето „оздравува дома“ откако тестот утврдил дека тоа е прв случај на коронавирус кај куче во Велика Британија.
Инфекцијата кај миленикот била дијагностицирана на 3 ноември, по тестирањето во лабораторијата на Агенцијата за здравје на животните и растенијата (APHA) во Вејбриџ, Сари.
Ова е прв официјален случај на инфекција кај кучиња во Велика Британија, но не е прв случај на заразени домашни миленици во светот. Минатата година во истата лабораторија беше откриено дека мачка е заразена со корона во Британија. Во согласност со меѓународните прописи, случајот е пријавен во Светската организација за здравје на животните.
„Тестовите направени од Агенцијата за здравје на животни и растенија потврдија дека вирусот Ковид-19 е откриен кај домашно милениче во Велика Британија“, рече главниот ветеринар Кристин Мидлмис.
Надлежните истакнаа дека заразеното куче е однесено на ветеринар поради друга болест, која нема никаква врска со короната и дека кучето сега закрепнува.
„Многу ретко се случува кучињата да се заразат, тие обично имаат само благи клинички симптоми и закрепнуваат за неколку дена“, велат од таму.
Надлежните додаваат дека нема јасен доказ кој би сугерирал дека миленичињата директно го пренесуваат вирусот на луѓето.
„Ќе продолжиме внимателно да ја следиме оваа ситуација и да даваме препораки до сопствениците на домашни миленици доколку нешто се промени“.