ПСЖ планира да го прошири својот стадион по Олимпијадата во Париз во 2024 година

од Vlatko K
89 прегледи

Францускиот фудбалски шампион Париз Сен Жермен планира да го обнови својот „Парк де Пренс“
по Олимписките игри во Париз во 2024 година, објави локалниот печат.


Раководството на парижаните предвидува модернизација и зголемување на капацитетот на
објектот од 47.929 до околу 60 илјади седишта.

За таа цел ќе се реконструираат трибините „Отеи“ и „Булон“ и нивниот наклон ќе се смени.

Реновирањето се очекува да трае помеѓу една и две години, а пред тоа, Пари Сен Жермен ќе ги игра
домашните натпревари на друг стадион во градот – „Стад де Франс“.