Пуч во Јемен: 12 мртви, 130 ранети

од desk2
80 прегледи

Во судирите меѓу сепаратистите и силите лојални на владата во јужниот град Аден во Јемен, загинаа 12, а ранети се 130 луѓе.

Според новинската агенција до Јемен, премиерот нападите на сепаратистите на силите на претседателот Абед Рабо Мансур Хади ги нарече „пуч“. Друг функционер вели дека Обединетите Арапски Емирати стојат зад нападот.

AP пренесе дека жителите бегаат, а затворен е главниот аеродром и дека властите наредиле авакуација на сите авиони, во страв дека може да бидат оштетени во борбите, а државниот авиопревозник „Јеменија“ ги откажа сите летови од Аден.

Од лице место известувачи сведочат дека се слушаат жестоки борби во областа Кор Максар и дека густ црн чад се извива кон небото по нападите од воздух, како и дека борбите се пренеле на други делови од Аден, како и близу претседателската палата.

Очевидци тврдат дека вооружени мажи упаднале во владините простории и со куршуми ги изрешетале фотографиите на претседателот Хади. Најмалку 10 јеменски борци се убиени и 30 ранети во неделата во борбите ширум привремената престолнина Аден, во која претседателот Хади со поддршка на сунитските арапски коалиции на чело со Саудиска Арабија се скри откако шиитските бунтовници Хути во 2015 година го зазедоа главниот град Сана.

Ројтерс, повикувајќи се на локалните медицински служби, пренесе податоци за жртви собрани од повеќе повеќе болници но прелиминарни. Јеменскиот премиер Бин Дагар претходно по пат на фејсбук упати апел до арапските земји да го спасат Аден и да спречат градот да падне во рацете на сепаратистите на Јемен помогнати од ОАЕ, кои сакаат да го симнат претседателот од власт и да се отцепи северот на земјата со кој доминираат Хутите.

Наведено е дека борбите почнаа откако минатата недела истече рокот кој минатата недела сепаратистички СТЦ му го даде на Хади да ја распушти владата на Бин Дара обвинета за корупција и лошо управување.

Северен и Јужен Јемен се обединти по граѓанската војна која траеше од 1986 до 1990 година, а жителите на југот одамна заговараат поголема автономија, но и отцепување од доминацијата на северот.