Пуџдемон ослободен, но не смее да ја напушти Сардинија

од Nikola Popovski
210 прегледи

Апелациониот суд во Сардинија одлучи да го ослободи поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон, кој беше уапсен денеска по наредба на Врховниот суд на Шпанија, иако нема да може да го напушти островот, изјави неговиот адвокат во Италија, Агостинаџело Мараса.

Како што објави шпанската новинска агенција ЕФЕ, судијата сметал дека неговото апсење на аеродромот Алгеро било извршено во согласност со законот, но тој одлучил да го ослободи без мерки на претпазливост, со забрана за напуштање на Сардинија.

Неговиот друг адвокат Гонзало Боје напишал кратка објава на Твитер, која гласела „Време е“.

Слични содржини