Поранешниот водач на Каталонија, Карлес Пуџдемон, ја разгледувал можноста да се пресели во Русија пред да биде притворен во Германија на 25-ти март.

Ова го објави  шпанскиот весник Мундо кој цитира извори што се однесуваат на истрагата, објави ТАСС.

Потсетиме дека завчера, Пуџдемон  е задржан во Германија, и  тој ќе остане во земјата додека судот не донесе конечна одлука за барањето на Шпанија за екстрадиција.

  На 22 март, политичарот пристигнал со авион во Финска . За време на неговата посета на Хелсинки, шпанскиот Врховен суд издаде европска потерница за апсење. Потоа, според објавувањето, тој  имал две опции : да се упати кон Русија, која се граничи со Финска, или да оди во Стокхолм, што всушност и го сторил каталонскиот лидер.
  Во рок од два месеци, германскиот суд одлучува за судбината на лидер во Каталонија

На 24 март, поранешниот лидер на Каталонија е во главниот град на Шведска. Оттаму сакаше да стигне до Белгија преку Данска и Германија. Но, кога влезе во Германија, тој бил уапсен од страна на властите во согласност со наредбата на шпанскиот суд.